вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 141
home Кошарка

МЗТ Скопје го ангажираше центарот Радуловиќ

МЗТ Скопје го ангажираше центарот Радуловиќ

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром официјално објави дека потпишале договор со српскиот центар Бојан Радуловиќ.

Единствениот македонски претставник во регионалното натпреварување сезонава, ја зголемува конкуренцијата на центарските позиции, на кои беше најдефицитарен. Радуловиќ е искусен, 27-годишен центар висок 211 сантиметри.

Радуловиќ кој има и словенечки пасош, може да биде од голема помош за „штрковите“ во АБА 2 лигата, бидејќи играл за Металац и Унион Олимпија во главната АБА. Со Олимпија во минатата сезона освои титула во Словенија. Сезонава беше во Шентјур, за кој последниот меч го одигра пред пет дена.