понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 162
home Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром нема да настапува за македонската репрезентација

МЗТ Скопје Аеродром нема да настапува за македонската репрезентација

Кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром во иднина нема да настапуваат за македонската репрезентација, соопшти денеска актуелниот шампион како одговор на одбивањето на Кошаркарската федерација да покрие дел од обесштетувањето за петмина свои играчи, кои се повредија при настапи во националниот дрес.

Клубот во реакцијата истакна дека при репрезентативните настапи во мундијалските претквалификации се повредиле Адем Мекиќ, Дамјан Робев, Бојан Крстевски, Кристијан Николов и Андреј Андоновски и пропуштиле поголем дел од клупските подготовки за новата сезона., која почнува за две недели.

– На нашето барање за покривање на дел од нашата штета со активирање на полисата за осигурување, која е задолжителна пред секој настап на репрезентацијата, добивме само арогантен одговор дека сме задоцниле и тоа за неколку дена, иако претходно, во ниту еден момент, како клуб што дава најголем број репрезентативци изминатава деценија, ниту еднаш не сме биле информирани за нашите права и не ни била презентирана процедурата која е потребна да се следи во вакви ситуации … Затоа, МЗТ Скопје Аеродром во иднина нема да им дозволи на своите кошаркари да се јават на повикот на селекторот, сè додека од Куќата на кошарката не ни биде презентирана осигурителната полиса која во целост би ја надополнила нашата штета во вакви ситуации, соопшти актуелниот македонски шампион.

МЗТ Скопје Аеродром, притоа, ги повика сите прволигашки екипи кои даваат кошаркари за националната селекција да застанат во одбрана на своите права, „бидејќи тоа што ни се случи на нас летово, утре би можело да им се случи и на нив“. (МИА)

Локални избори 2021