сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 110
home Кошарка

МЗТ отпушти Американец кому играњето во македонското првенство му било – под чест!

МЗТ отпушти Американец кому играњето во македонското првенство му било – под чест!

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, денеска информира дека ја прекинал соработката со американскиот плејмејкер Џабари Хиндс, поради негово неспортско однесување и омаловажување на клубот и на макбаксетот во целост.

Главна причина за ова, според луѓето од „Јане Сандански“, било неговото потценување на македонското првенство и не сакањето да биде во тимот на овие натпревари.

„МЗТ Скопје никогаш нема да дозволи индивидуалец да биде пред доброто на целата екипа, особено не кога кога тој не го цени значењето на сино-белиот дрес, во кој многу далеку подобри кошаркари пред него пролеале тони пот и го оставиле срцето на терен“, велат од таборот на „металците“.

Аеродромци воедно потенцираат дека една од причините е и неговото повеќекратното излегување во ноќен провод на ден пред средбите, како и фактот што на последните пет средби од Првата лига просечно реализирал само по четири поени, што е далеку под очекувањата кои тие ги имале од Хиндс.

Најавите се дека испразнетото место во ростерот на МЗТ Скопје брзо ќе биде пополнето, а за имињата од сино-белиот табор дополнително ќе информираат.

Коронавирус