вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 102
home Кошарка

Муса потпиша договор со Бруклин Нетс

Муса потпиша договор со Бруклин Нетс

Еден од најдобрите балкански кошаркари Џанан Муса својата кариера ќе ја продолжи во НБА лигата, откако официјално потпиша договор со Бруклин Нетс.

Муса потекнува од Босна и Херцеговина, а претходно овој 19-годишен кошаркар настапуваше за Цедевита.

Тој беше избран на 29-та позиција на НБА драфтот во 2018 година.

– Сега е и официјално! Возбуден сум, но и благодарен и среќен што ќе бидам дел од Бруклин Нетс, објави Муса на социјалните мрежи по потпишувањето на договорот.

Засега во јавноста не се соопштуваат детали за повеќегодишниот договор.

Муса минатата сезона во хрватскиот шампионат постигнуваше просечно по 13,5 поени по натпревар.

(Миа)

Коронавирус