четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Кошарка

Младинските кошаркарски лиги до 20-ти април се откажани

Младинските кошаркарски лиги до 20-ти април се откажани

Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука да ги прекине сите активности во младинските лиги.

Причина за овој потег на федерацијата е влошената ситуација со коронавирусот. Раководството доби препорака од Институтот за јавно здравје, па ги одложи сите натпревари.

Кам-бек на терените во младинска категорија се очекува за две недели, поточно на 20 април.

Евентуални следни слични чекори федерацијата ќе презема во зависност од развојот на ситуацијата со пандемијата во нашата држава.

Коронавирус