сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Кошарка

Мираковски: Ова е голем срам за Работнички

Мираковски: Ова е голем срам за Работнички

Два рекорди во АБА 2 лигата,забележа тимот на Широки против скопски Работнички ,а по поразот тренерот Димитар Мираковски изјави дека ова е понижување за тим од калибарот кој е работнички во Македонија.

Најмногу поени во една четвртина, 41 и најмногу поени на тим во второ полувреме, точно 71 во победата против Работнички од 106:77.

„Ова е голем срам за Работнички. Примивме над 100 поени и дури 71 во второто полувреме. Разбирам дека е тешко да се игра во вакви услови на пандемија со Ковид-19, но ова е недозволено. Ќе мора да поразговараме со играчите, бидејќи ова не личи на Работнички“, изјави Димитар Мираковски, тренерот на македонскиот клуб.

 

Коронавирус