петок, 3. април 2020. Вести денес: 7
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

Милвоки преку шампионот Торонто до 50. победа оваа сезона во НБА лигата

Милвоки преку шампионот Торонто до 50. победа оваа сезона во НБА лигата

Тимот на Милвоки бакс ја забележа победата број 50 во тековната НБА сезона, откако ноќеска на гостински терен го совлада бранителот на трофејот Торонто репторс.

Најзаслужни за, триумфот на Бакс беа Крис Мидлтон со 22 поена и осум скока и Јанис Адетокунбо со 18 поени и 17 скокови.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу вотник и среда:
Индијана – Шарлот 119:80
Торонто – Милвоки 97:108
Чикаго – Оклахома Сити 122:124
Денвер – Детроит 115:98
Лос Анџелес лејкерс – Њу Орлеанс 118:109
Портланд – Бостон 106:118
Голден Стејт – Сакраменто 94:112.

Најуспешен тим на Запад е ЛА Лејкерс со 44 победи и 12 порази, Милвоки е лидер во Источната конференција со биланс  50 победи и осум порази.

Коронавирус