петок, 24. септември 2021. Вести денес: 125
home Кошарка

Милвоки израмни со Феникс во финалето на НБА

Милвоки израмни со Феникс во финалето на НБА

Милвоки рано утрово на домашен терен го победи Феникс со 109:103 во четвртиот натпревар од финалето на НБА. Бакс го израмни резултатот на 2-2 во серијата прв до четири победи.

Најефикасен играч на средбата беше Девин Букер од Феникс со 42 поени.

Во победничкиот тим се истакнаа Крис Мидлтон со 40 поени и Јанис Адетокунбо со 26 коша, 14 скока и осум асистенции.

Следниот натпревар ќе се одржи на 18 јули на теренот на Феникс.

Коронавирус