недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

Мициќ не се враќа дома по смртта на мајка му, ќе игра против Аргентина

Мициќ не се враќа дома по смртта на мајка му, ќе игра против Аргентина

Атмосферата во српскиот национален тим беше дополнително нарушена утрово, откако беше обелоденето дека мајката на Василије Мициќ починала во Србија во текот на ноќта. Таа подолго време се борела со тешка болест, Мициќ и покрај се реши целото лето да го посвети на репрезентацијата, за утринава да ја добие најлошата можна вест.

Стручниот штаб го остави кошаркарот самиот да донесе одлука дали се чувствува подготвен да игра на утрешното четвртфинале со Аргентина, а плејмејкерот на Анадолу Ефес реши да остане во Кина, иако му беше понудена и опција со неколку конекции да пристигне за помалку од 24 часа во Србија и да присуствува на погребот на својата мајка.

„Васа одлучи да биде со нас против Аргентина, тоа е голема работа. Не му е лесно, не му беше лесно цело лето, од првиот ден на подготовки. Сега првпат зборуваме за тоа, но тој минуваше низ исклучително тежок период и секоја чест за Мициќ што е овде“ – истакна селекторот Александар Ѓорѓевиќ на денешната прес-конференција.