недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Кошарка

Мевлем за сите рани: Србија подобра во несуденото финале против САД

Мевлем за сите рани: Србија подобра во несуденото финале против САД

Кошаркарите на Србија ќе играат за пласман на 5. место на Светското првенство (СП) во Кина, откако попладнево беа подобри во несуденото финале против САД (94-89), дуел кој според буквално сите требаше да го видиме во битката за златниот медал.

Сините“, задутре, во последниот меч на шампионатот ќе ги одмерат силите со подобриот од дуелот помеѓу Чешка и Полска (15 часот), додека Американците со поразениот од оваа пресметка.

Богдан Богдановиќ со 28 поени и седум тројки буквално сам им одржа лекција на Американците, додека Владимир Лучиќ заврши со 15, а Василије Мициќ со 10 поени. Харисон Барнс со 22 поени беше најпрецизен кај САД.

Полуфиналните пресметки на СП 2019 се играат утре, а силите ќе ги одмерат Аргентина и Франција односно Австралија и Шпанија.