четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 55
home Кошарка

Мемфис запиша највисока победа во историјата на НБА

Мемфис запиша највисока победа во историјата на НБА

Кошаркарите на Мемфис забележаа рекордна победа во историјата на НБА лигата со триумфот над Оклахома од дури 73 поени разлика (152:79).

Мемфис во текот на синоќешниот натпревар имаше и 78 поени предност, а на крајот заврши со „само“ 73 кошеви разлика.

Досегашниот рекорд беше во рацете на кошаркарите на Кливленд, кои во ноември 1991 година го совладаа Мајами со 68 поени разлика (148:80).

Дури девет кошаркари на Мемфис забележаа двоцифрен ефект во триумфот над Оклахома, а најефикасни беа Џарен Џексон (27 поени) и Дентони Мелтон (19).

– Прекрасно е чувството да се биде во историските книги, особено пред нашата домашна публика, изјави Мелтон. (МИА)

Коронавирус