недела, 31. мај 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

Мекејлеб не ја заборава Македонија – емотивно се потсети на забивање од пред 10 години (ВИДЕО)

Мекејлеб не ја заборава Македонија – емотивно се потсети на забивање од пред 10 години (ВИДЕО)

Името на Лестер Бо Мекејлеб со златни букви е запишано во историјата на македонската кошарка, како еден од најзаслужните за херојскиот настап на ЕП 2011 во Литванија, каде што беше освоено четвртото место, но и како момче кое гордо го носеше жолто-црвениот дрес во секоја можна прилика.

Љубовта дефинитивно е обострана, бидејќи и самиот Мекејлеб многу често знае да се потсети на времето минато во нашата држава, односно на настапите во македонскиот национален тим. Така, плејмејкерот пред неколку дена, непосредно пред својот 35. роденден, на Инстаграм постира атрактивно забивање кое се случи пред точно десет години и тоа буквално со звукот на сирената на крајот од првото полувреме на средбата против Велика Британија (75-56) во Скопје. Тоа беше клучниот триумф, одигран во август 2010 година во преполниот „Борис Трајковски“, со кој обезбедивме виза за континенталниот собир на Балтикот, каде што потоа испишавме историја.

ИЗВОР: СПОРТ1

 

View this post on Instagram

 

🤷🏾‍♂️ 🇲🇰🏁

A post shared by Bo Mccalebb🏁🏁 (@lmccale4) on

Коронавирус