петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Марко Кизиќ го засилува Еурофарм Пелистер

Марко Кизиќ го засилува Еурофарм Пелистер

Битолски Еурофарм Пелистер го официјализира првото засилување за следната сезона.Битолчани се засилуваат од актуелниот шампион Вардар, и пак како и минатата сезона доведуваат млад македонски репрезентативец.

Дресот на пелистерци ќе го облече Марко Кизиќ. 20-годишниот голман се обрвза на верност од три сезони со Еурофарм Пелистер,

„Младиот голман на македонската репрезентација, Марко Кизиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер за периодот од јуни 2021 до јуни 2024 година. 20-годишниот Кизиќ потпиша договор со битолскиот клуб и ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција.Овој млад голман доаѓа од Вардар, висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Кизиќ веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во новиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната. Официјалната презентација на Марко Кизиќ ќе се одржи пред почетокот на сезоната 2021/22 во Битола“, се вели во соопштението на битолскиот клуб.

 

Коронавирус