понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 38
home Кошарка

Марк Гасол размислува да замине од ЛА Лејкерс

Марк Гасол размислува да замине од ЛА Лејкерс

По само една година во дресот на тимот од Лос Анџелес, Марк Гасол сериозно ја разгледува можност да си оди од Лејкерс, тврди американскиот новинар Марк Стајн.

Тој има загарантиран договор за претстојната сезона за кој по Олимписките игри во Токио рече дека ќе го одработи до крајот што е уште поголемо изненадување во моментов.

„Разбрав дека Марк Гасол не е тотално сигурен околу враќањето во Лејкерс иако најави дека ќе ја одигра и втората сезона од договорот. Нејасно е дали би бил вклучен во некој трејд за да продолжи во друга НБА франшиза или, како неговиот брат, ќе се врати во татковината да ја заврши кариерата“, објасни Стајн.

Локални избори 2021