петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 156
home Кошарка

Македонските кошаркарки ги почнаа подготовките за евро-квалификациите

Македонските кошаркарки ги почнаа подготовките за евро-квалификациите

Македонската женска кошаркарска репрезентација предводена од новиот селектор Владимир Ѓоровиќ денес ги почна подготовките за следниот квалификациски циклус.

„Црвено-жолтите“ идната седмица ќе одиграат два натпревара, први во рамки на квалификациите за Европското првенство закажано за 2021 година.

Репрезентацијата ќе биде комплетирана викендот што следи по приклучување на кошаркарките кои се натпреваруваат надвор од рамките на државата.

Противнички на македонските кошаркарки ќе бидат германските репрезентативки на 14 ноември, а три дена подоцна ќе се пресметаат со летонската селекција.