петок, 17. септември 2021. Вести денес: 53
home Кошарка

Македонските кошаркари се пласираа во полуфиналето на ФИБА купот

Македонските кошаркари се пласираа во полуфиналето на ФИБА купот

Македонската машка кошаркарска репрезентација под 20 години ќе игра во полуфиналето на ФИБА „Челенџер“ купот и покрај денешниот пораз од Швајцарија со 65:79 во рамки на третото коло од групата Д на турнирот во унгарскиот град Шопрон.

По три одиграни кола, три селекции во групата Д завршија со ефект од две победи и еден пораз, а во „триаголникот“ со селекциите на Швајцарија и Луксембург, „црвено – жолтите“ имаат втор најдобар резултат, доволен за пласман во полуфиналето.

Утре е слободен ден на „Челенџ“ купот во Шопрон. Во полуфиналето македонската репрезентација ќе игра против подобриот од средбата Унгарија – Белорусија.

Коронавирус