вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонските кошаркари против Швајцарија и Словачка ги почнуваат квалификациите за СП

Македонските кошаркари против Швајцарија и Словачка ги почнуваат квалификациите за СП

Репрезентациите на Швајцарија и Словачка ќе им бидат противници на македонските кошаркари во претквалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година, одлучено е попладнево со жрепка во седиштето на ФИБА во Берлин.

Македонскиот состав играше против истите противници и во претквалификациите за Европското првенство 2022, во кои два пати ја совладаа Словачка, а забележаа победа и пораз од Швајцарија.

Пласман во мундијалските квалификации ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации во четирите групи.

Македонските кошаркари во претквалификациите ќе стартуваат со новоизбраниот селектор Драган Бајиќ, кој во првата реакција по извлекувањето на групите истакна дека „противниците заслужуваат респект“.

– Она што можам да го кажам е дека селекцијата на Швајцарија заслужува максимален респект за она што го направи во оние последни квалификации за ЕП. Не е мала работа да се победи една велесила како Србија, макар и во еден комбиниран состав. Тоа треба да ни биде одредница како да се поставиме во августовските натпревари. Словачка го има Кајл Кјурик, еден од носителите на играта на Барселона. Да не заборавиме на Бродзијански, еден исто така одличен играч кој игра заедно со Нено Димитријевиќ во шпанскиот Хувентуд. Но сепак, тоа се само некои првични информации. Имаме време за целосни анализи на ривалите, изјави Бајиќ за официјалниот сајт на Македонската кошаркарска федерација.

– Ние мора да изградиме едно високо ниво на самодоверба. Само така можеме да ги минуваме пречките кои стојат на нашиот пат. Почнувајќи уште од првиот собир, таму некаде во текот на летото. Само да бидеме живи и здрави, се ќе биде како што треба, додаде новиот предводник на македонската кошаркарска репрезентација.

ЕУРО 2020

Македонија