четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонски талент одигра ѕверски во Италија и оствари монструозен дабл-дабл! (ФОТО)

Македонски талент одигра ѕверски во Италија и оствари монструозен дабл-дабл! (ФОТО)

Еден од најталентираните македонски кошаркари во моментов, Андреј Јакимовски, одигра фантастично во дресот на Пиемонте во италијанската јуниорска лига, откако во победата против Палаканестро колеџ (93-89) постигна дури 42 поени на кои додаде 20 скока.

Станува збор за еден од лидерите на репрезентацијата на Македонија за играчи до 18 години, кој втора сезона по ред игра на Апенинското полуострово, каде што истовремено настапува и за третолигашот Баскет Торино во сениорска конкуренција.

Јакимовски има 18 години, висок 200 сантиметри и игра на позицијата ниско крило. Тој беше еден од најдобрите во селекцијата која летово за малку не се пласира во А-дивизијата, односно беше четврта на Европското првенство, дивизија Б, во романскиот град Орадеа.

ИЗВОР: СПОРТ1