среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Кошарка

Македонски репрезентативец позитивен на коронавирус, нема да ги игра следните дуели

Македонски репрезентативец позитивен на коронавирус, нема да ги игра следните дуели

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров на квалификациските дуели против Естонија и Италија нема да може да смета на услугите на Стојан Ѓуроски.

Репрезентативното крило доби позитивен резултат на задолжителното ПЦР тестирање од коронавирус кое го направи по враќањето во Аликанте.

„За жал, нема да можам да му помогнам на националниот тим за Битките во Талин. По враќањето во Скопје, каде мораше да средам некои технички работи поврзани со работната дозвола за Шпанија, бев тестиран од страна на клубот. Тестот се покажа како позитивен, а тоа ме однесе во самоизолација“, потврди Ѓуроски за КФМ.

Коронавирус