недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија во 2020 година ќе биде домаќин на ЕП А-дивизија

Македонија во 2020 година ќе биде домаќин на ЕП А-дивизија

Идното календарско лето (2020 година), Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) ќе биде домаќин на шеснаесетте најдобри репрезентации од стариот континент, вклучувајќи ја и нашата кадетска машка селекција.

На состанокот на ФИБА одржан изминатиот викенд, КФСМ ја доби довербата да организира уште едно Европско првенство, овој пат мажи до 16 години, А дивизија.

Покрај машката кадетска репрезентација која е единствена која се натпреварува во А дивизија, Кошаркарската федерација на Македонија пријави уште младински репрезентации за учество во континентални првенства во соодветните рангови – дивизии.

Машките младински национални селекции до 16 години, 18 и до 20 години идното лето ќе учествуваат на континенталните првенства додека во женска конкуренција тоа ќе бидат младинските репрезентации до 16 и до 18 години.

Машкото кадетско ЕП ќе се одигра во Скопје од 14. до 22 август. Женското кадетско Европско првенство (дивизија Б) ќе се одигра од 17. до 26. јули во Сараево, Босна и Херцеговина.

Машкото јуниорско Европско првенство (дивизија Б) ќе се одигра од 24. јули до 2. август во Орадеа, Романија. Женското јуниорско Европско првенство (дивизија Б) ќе се одигра од 3. до 12. јули во три града во Австрија – Оберварт, Гусинг и Фурстенфелд.

Младинците ќе разигруваат на Европското првенство (дивизија Б) кое ќе се одигра од 10. до 19. јули во Тбилиси, Грузија.