четврток, 22. април 2021. Вести денес: 118
home Кошарка

Македонија ќе игра предквалификации за пласман во квалификациите за СП

Македонија ќе игра предквалификации за пласман во квалификациите за СП
Последното место во квалификациската група значи дека нашата машка кошаркарска репрезентација претстојното лето ќе има нови активности. Тоа се предквалификациите за Светскиот куп што треба да се одржи во 2023-година.
ФИБА потврди дека Македонија ќе биде дел од дванаесетте селекции од европскиот континент кои во август месец ќе играат во првиот квалификацски круг или така-наречени пред-квалификации, преку кој ќе треба да обезбедат пласман во главната фаза од квалификациите за Мундијалот што за прв пат ќе се одржува во повеќе земји, во случајот, Јапонија, Индонезија и Филипини.
ФИБА  треба да ги одреди групите и термините на одигрување на натпреварите, а јасно е дека ќе бидат формирани четири групи со по три репрезентации од кои само најслабо рангираните нема да се пласираат во главните Миндијалски квалификации.

Коронавирус