недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија го „изгуби“ Емил Рајковиќ, стана селектор на Казахстан

Македонија го „изгуби“ Емил Рајковиќ, стана селектор на Казахстан

Македонскиот стратег Емил Рајковиќ (41) доби нова функција и во иднина ќе биде селектор на кошаркарската репрезентација на Казахстан.

Еден од најдобрите стратези од нашата земја со голем успех работеше во Астана и неговите партии во ВТБ-лигата беа на високо ниво. Токму затоа Казахстан реши да го ангажира, па Македонија, која моментално нема селектор, ја загуби можноста да го ангажира.

Рајковиќ, кој во минатото работеше во екипи како Стал, МЗТ, Сласк, Работнички, Фени Индустри и Тоа Сум Јас, ќе го води Казахстан во квалификациите за Азискиот Куп во 2021 година.