сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 65
home Кошарка

Македонија без Хендрикс и Младеновски против Швајцарија

Македонија без Хендрикс и Младеновски против Швајцарија

Македонската кошаркарска репрезентација последниот натпревар од првата рунда претквалификации за ЕП 2021 против Швајцарија на гостински терен ќе биде ослабена во рекетот. На последниот натпревар од оваа прва фаза, во која „црвено-жолтите“ имаат максимален учинок од три победи на три натпревари, нема да настапат Љубомир Младеновски и Ричард Хендрикс.

Младеновски заработи скршеница и ќе отсуствува подолго од кошаркарските терени, додека Хендрикс поради приватни причини нема да биде во можност да и се приклучи на репрезентацијата во претстојниот период.

– Се надеваме дека позитивната страна на оваа незавидна ситуација ќе биде шансата на младите таленти на Македонија да се истакнат и да дојде до израз нивниот талент. Остануваме со позитивни мисли насочени кон последниот натпревар на кој се надеваме дека ќе го завериме првото место на табелата во групата А и ќе прејдеме во втората фаза од претквалификациите за Европското првенство закажано за 2021 година, соопштија денеска од МКФ.