недела, 11. април 2021. Вести денес: 92
home Кошарка

МАЈКА: Кошаркарка среде натпревар го доеше своето бебе (ВИДЕО)

МАЈКА: Кошаркарка среде натпревар го доеше своето бебе (ВИДЕО)

Кошаркарката Антонела Гонзалес, среде натпревар отишла да ја надои својата 11-месечна ќерка. Тоа се случило за време на пресметка во аргентинскиот шампионат помеѓу Томас де Рокамор и Велез Сарсфилд.

-Откако го завршивме разговорот со тренерот му реков дека ми е потребно малку време на клупата. Тоа е природно. Изненадена сум што околу нешто што е природно се крена врева во јавноста. Но, среќна сум поради тоа. Се надевам дека ова ќе биде пример за сите мајки дека по бременоста и породувањето можат да се вратат на професионалниот спорт, вели Гонзалес.

Нејзиниот тим победил со 61:44 и скокнал на првото место на табелата. Антонела постигнала осум поени.

Коронавирус