сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 88
home Кошарка

Мајами избори финале во НБА лигата

Мајами избори финале во НБА лигата

Мајами го победи Бостон со 125:113 ноќеска во натпреварот број 6 од финалето на Источната конференција. „Жешките“ ја доби серијата со 4-2. Во големото финале Мајами ќе се соочи со Лејкерс.

Победникот беше решен во последната четвртина која заврши 37:27 за Мајами.

Кај победниците, Едрис Адебајо беше најефикасен со 32 поена. Кај Селтикс, Џејлен Браун постигна 26, Тејтум 24.

Финалната серија ќе започне на 30. септември. Шампион ќе стане тимот којшто прв ќе дојде до четири победи. Доколку се потребни максимални седум меча, серијата ќе заврши на 13 октомври.

Коронавирус