сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 69
home Кошарка

Лука Дончиќ постави нов рекорд во НБА

Лука Дончиќ постави нов рекорд во НБА

Лука Дончиќ продолжи да руши рекорди во НБА лигата, откако во поразот на Далас од Торонто со 120: 123 го постигна својот втор „трипл-дабл“ од 35 поени, 12 скока и 10 асистенции и на тој начин стана првиот играч во историјата на Лигата со два „трипл-дабл“ учиноци пред да наполни 20 години.

Словенечкиот кошаркар одигра уште еден одличен натпревар, овој пат против Торонто, но неговата одлична игра не беше доволна за победа на Далас над Торонто.

„Репторси“ беа предводени од Каваи Ленард со 33 поени и десет скока, а помош доби од Лори (19) и Сикам (14)

Покрај Дончиќ, кај „телињата“ се истакна и Харисон Барнс со 14 поени.

Резултати од НБА:

Чикаго – Кливленд 101: 104
Лос Анџелес Клиперс – Сакраменто 122: 108
Оклахома Сити – Милвоки 118: 112
Хјустон – Орландо 103: 98
Далас – Торонто 120: 123
Минесота – Јута 111: 125
Сан Антонио – Вашингтон 132: 119
Њујорк – Мајами 97: 106
Лос Анџелес Лејкерс – Феникс 116: 102

Пласман по дивизии:

Источна конференција:

Атлантик дивизија: Торонто 37 победи / 15 порази, Филаделфија 32/18, Бостон 30/19
Централна дивизија: Милвоки 35/13, Индијана 32/16, Детроит 21/27
Југоисточна дивизија: Мајами 24/24, Шарлот, 23/25, Вашингтон 21/28

Западна конференција:

Северозападната дивизија: Денвер 33/15, Оклахома 31/18, Портланд 31/20
Пацифик дивизија: Голден Стејт 35/14, Лос Анџелес Клиперс 28/22, Лос Анџелес Лејкерс 26/24
Југозападен дивизија: Хјустон 29/20, Сан Антонио 29/22, Далас 22/27.