вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 117
home Кошарка

Лу: Ќе биде тешко без Леброн Џејмс

Лу: Ќе биде тешко без Леброн Џејмс

Тренерот на Кливленд кавалирс, Тајрон Лу, истакна дека ќе му биде тешко без Леброн Џејмс во екипата, бидејќи смета дека тој е еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката.

Џејмс летово го напушти клубот од Охајо и потпиша четиригодишен договор со Лос Анџелес лејкерс вреден 154 милиони долари.

– Секако дека поскував да остане во мојот тим. Но, тој замина и сега се соочуваме со нов предизвик. Ќе биде поинаку бидејќи имаме многу млади играчи кои треба да ги подучуваме и обликуваме. Невозможно е да се замени Леброн, станува збор за еден од најдобрите играчи на сите времиња, истакна Лу.

Кливленд последните четири сезони играше во финалето на НБА лигата, а титулата ја освои во 2016 година.