понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 154
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

Литванците сакаат да бидат домаќини на еден од квалификациските турнири за ЛОИ

Литванците сакаат да бидат домаќини на еден од квалификациските турнири за ЛОИ

Литванската кошаркарска федерација, која ја предводи славниот Арвидас Сабонис, има намера да се кандидира за домаќин на еден од четирите квалификациски кошаркарски турнири за место на Олимписките игри во Токио 2020 година.

На тие турнири ќе играат 24 тимови, а само четири (победниците на секој од турнирите) ќе патуваат во Токио.

Литванците веќе имаат конкретен план, тие како град домаќин на турнирот ќе го пријават Каунас, со „Жалгирио арена“. Светската кошаркарска федерација ФИБА до ноември ќе ги прима кандидатурите, а од потенцијалните организатори бара да уплатат 2,3 милиони евра, но проценката е дека сите трошоци ќе достигнат и до 3 милиони евра.

Одлуката каде ќе се играат турнирите, ќе се донесе во март следната година.