сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 39
home Кошарка

Лилард ќе игра на третиот натпревар против Лејкерс

Лилард ќе игра на третиот натпревар против Лејкерс

Тренерот на Портланд, Тери Сотс потврди дека нивниот најдобар кошаркар, Демијан Лилард ќе може да игра на трет натпревар во плеј-офот со Лејкерс.

Лилард го напушти теренот во третата четвртина од вториот меч во серија (88:111) со повреда на левиот показалец.

По медицинскиот преглед и извршената снимка, не е дијагностицирана фрактура на прстот, по што Лилард доби дозвола за настап од клупските лекари.

Третиот натпревар од серијата на Лејкерс и Портланд е закажан за 23 август. (МИА)

Коронавирус