среда, 8. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Кошарка

Лигата и кошаркарите се договорија за рестартирање на сезоната

Лигата и кошаркарите се договорија за рестартирање на сезоната

Управата на Националната кошаркарска асоцијација и Унијата на играчи го одобри планот за рестартирање на сезоната 2019/2020, што беше суспендирана на 12 март заради пандемијата од коронавирус.

Двете страни го разгледаа колективниот договор и ги направија потребните прилагодувања за да може кампањата да продолжи на 30 јули во Орландо, Флорида, со учество на 22 екипи. Трансфер прозорецот ќе биде отворен од денес за сите 30 клуба.

НБА, исто така, издаде протокол на 113 страници, во кој се вклучени здравствени и други процедури што мора да ги следат тимовите во Флорида. Клубовите кои продолжуваат да учествуваат во кампањата, се очекува да пристигнат во државата за тренинзи во втората недела од јули.

Раководството на лигата и Сојузот на играчи исто така се согласија за дополнително осигурување за кошаркарите кои ќе бидат принудени да ги прекинат своите кариери заради коронавирус или повреда до крајот на сезоната.

Парламентарни избори 2020