среда, 26. јуни 2019. Вести денес: 112
home Кошарка

Ленард ја казни Јута со 45 поени, Торонто со четврта победа по ред

Ленард ја казни Јута со 45 поени, Торонто со четврта победа по ред

Каваи Ленард постигна рекордни 45 поени и го поведе Торонто кон победа над Јута со 122:116.

„Репторс“ неодамна го загубија првото место во НБА, но сепак постигнаа четврти успех по ред, со што го подобрија својот скор до 28-11. Паскал Сикам му помогна со рекордни 28 кошеви, а Норман Пауел додаде 14.

Ленард одигра силна трета четвртина во која постигна 19 поени и успеа да ги реализира сите 7 шутеви од игра. Тој му помогна на својот тим да води со 10 поени пред последниот дел, што се покажа како решавачко.

Напорите на „џезерите“ ги приближија до 105:109, но Каваи одговори со два прецизни шута од средно растојание, за да ги смири своите соиграчи, а на крајот Дани Грин и Сиакам зедоа важни скокови во нападот, за да се осигура триумфот.

Резултати од НБА:

Торонто Репторс – Јута Џез 122:116
Милвоки Бакс – Детроит Пистонс 121:98
Денвер Нагетс – Њујорк Никс 115:108
Сакраменто Кингс – Портланд Трејлблејзерс 108:113 по продолжение
Лос Анџелес Клиперс – Филаделфија 76-ерс 113:119.

МИА