вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 144
home Кошарка

Лејкерси поведоа во финалната серија на Западот

Лејкерси поведоа во финалната серија на Западот

Лос Анџелес Лејкерс беа успешни во првиот натпревар од финалето на Западната конференција откако го совладаа Денвер Нагетс со 126-114.

Нагетс, кои пристигнаа по вториот последователен пресврт од 1-3 и за нивното прво финале на конференцијата по 11 години, имаа водство единствено по крајот на првата четвртина, кога поведоа со 38:36. Оттогаш, на паркетот имаше само една екипа, а тоа беше тимот на „езерата“. Во еден момент, водството на Лејкерси достигна 27 поени.

Над сите за победниците беше Ентони Дејвис, кој заврши со „дабл-дабл“ – 37 поени и 10 скока, а Леброн Џејмс додаде 15 поени, шест скока и 12 асистенции. Никола Јокиќ и Џамал Мареј постигнаа по 21 поен за тимот од Колорадо, но тие не беа доволни за пулените на Мајк Мелоун.

Натпреварот број 2 се игра во недела.

Во сабота спроти недела по македонско време се игра третиот натпревар од финалето на Истокот, каде Мајами Хит води против Бостон Селтикс со 2-0 во победи.

Коронавирус