вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 84
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Кошарка

Лејкерси победија, дебакл на Бруклин и Далас

Лејкерси победија, дебакл на Бруклин и Далас

Победа на Лејкерс на дуелот со Кливленд од (113-101). Натпреварот донесе израмнета игра по првите три четвртини, а фаворитот ја направи клучната разлика во финишот.

Леброн и Кармело Ентони комбинираа 50 поени и беа најзаслужни за победата. Денвер ја искористи лошата вечер на Лука Дончиќ и го совлада Далас со (106-75).

Словенецот одигра непрепознатливо додека во домашната екипа кам-бек направи Никола Јокиќ кој запиша единаесет поени и 16 скока.

Лошиот почеток на Лос Анџелес Клиперс продолжи на гости кај Портланд каде беа поразени со (111-92).

Домаќините ги добија сите четири периоди и заслужено се израдуваа на нов успех на свој терен. Дејмиан Лилард со 25 поени беше најефикасен на теренот.Нов тежок успех запиша Бруклин на соочувањето со Индјана од (105-98).

По подолг период Џејмс Харден доби шанса да шутира поголем број слободни фрлања, а тоа му донесе највисоки 29 поени на натпреварот. Му помогна Кевин Дурант со 22 поени.

Победа запиша и Торонто против Орландо (110-109), Мајами беше сигурен против Шарлот (114-99), а Сакраменто го надигра Њу Орлеанс (109-113).

Коронавирус