сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 57
home Кошарка

Лејкерс на чекор до шампионскиот трофеј

Лејкерс на чекор до шампионскиот трофеј

Само една победа го дели тимот на Лос Анџелес лејкерс од освојување на титулата во НБА лигата. „Езерџиите“ рано утрово во четвртиот меч од финалната серија во плејофот го совладаа Мајами хит со 102:96 и поведоа со 3-1.

Леброн Џејмс вообичаено беше најдобар кошаркар во победничкиот тим. На „кралот“ му фалеа два асистенции за трипл-дабл. Тој мечот го заврши со 28 поени, 12 скокови и осум асистенции. Се истакна и Ентони Дејвис со 22 поена, девет скока и четири асистенции.

Кај Мајами, Џими Батлер беше пред троен ефект. На крајот во неговата статистка стои 22 поена, 10 скока и девет асистенции.

Петтиот дуел од серијата, кој може да биде и последен во НБА сезоната 2019/20, е закажан за ноќта меѓу петок и сабота (почеток 3 часот по македонско време).

Коронавирус