среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Кошарка

Лејкерс ќе ја започнат сезоната 2020/21 без навивачи

Лејкерс ќе ја започнат сезоната 2020/21 без навивачи

Екипата на Лос Анџелес лејкерс многу веројатно ќе ги одиграат своите почетни домашни натпревари во сезоната без навивачи на трибините.

Според Шамс Харанија, сегашната ситуација нема да им дозволи на Лејкерси да бидат домаќини на НБА натпревари со гледачи.

За потсетување, на 11 ноември, НБА испрати меморандум до клубовите со посебни протоколи, во кои се опишани правилата за сместување на навивачите во новата сезона.

При исполнување на условите на протоколите и поволна состојба со коронавирусот во регионите, клубовите ќе можат да ги полнат арените до 50% од вкупниот капацитет.

Коронавирус