сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 97
home Кошарка

Лејкерс го совладаа Денвер и ја прекинаа серијата од три порази

Лејкерс го совладаа Денвер и ја прекинаа серијата од три порази

Екипата на Лос Анџелес лејкерс рано утрово забележа победа над Денвер со 124:121 и стави крај на низата од три последователни порази.

Во меч кој беше неизвесен до самиот финиш и во кој резултатот по три четвртини беше изедначен, најмногу поени во победничкиот тим даде Леброн Џејмс – 29, при тоа забележа и 12 скока.

Кај Деневер П.Ј. Дозиер реализира 18 поени.

На другите две средби од НБА лигата одиграни ноќта понеделник кон вторник, Торонто го победи Милвоки со 114:106, а Мајами беше поуспешен од Индијана со 114:92.

Коронавирус