недела, 9. мај 2021. Вести денес: 108
home Кошарка

Лејкерс без Леброн и Дејвис го победија Бруклин на негов терен

Лејкерс без Леброн и Дејвис го победија Бруклин на негов терен

Актуелниот шампион во НБА лигата Лос Анџелес Лејкерс направи изненадување откако без двете најголеми ѕвезди, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис го совлада силниот тим на Бруклин и тоа на негов терен.

Лејкерс победија неочекувано убедливо со 25 поени разлика, особено добра игра прикажаа во второто полувреме и дојдоа до триумф од 126:101.
Најдобар во составот на Лејкерс беше Драмонд со 20 поени и 11 скокови, Шрудер постигна 19. Кај Бруклин најдобар беше Дурент со 22 поени, Иривинг реализираше 18 поени.
https://www.youtube.com/watch?v=Hdm4hz3ayb8&feature=emb_title
Резултати:
Кливленд – Торонто 115:135
Бруклин – ЛА Лејкерс 101:126
Оклахома – Филаделфија 93:117
Јута – Сакраменто 128:112
Голден стејт – Хјустон 125:109
Феникс – Вашингтон 134:106
Портланд – Детроит 118:103

Коронавирус