четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Кошарка

Лејкерс без Леброн и Дејвис ги победија Клиперс

Лејкерс без Леброн и Дејвис ги победија Клиперс

Актуелниот НБА шампион, Лос Анџелес лејкерс, забележа победа над градскиот ривал Лос Анџелес клиперс со 87:81 (25:22, 18:24, 16:15, 28:20) во првиот претсезонски натпревар одигран ноќеска.

Во тимот на Лејкерс, ги немаше двете главни ѕвезди, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Ноќта петок кон сабота се одигра уште четири подготвителни натпревари меѓу екипи од најсилната кошаркарска лига на светот.

Резултати:
Атланта – Орландо 112:116
Детроит – Њујорк 84:90
Чикаго – Хјустон 104:125
Портланд – Сакраменто 127:102.

Локални избори 2021