петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 123
home Кошарка

Легендарниот Шпанец кој ја „уништи“ Македонија на Европското во 2011 година заминува во пензија (ВИДЕО)

Легендарниот Шпанец кој ја „уништи“ Македонија на Европското во 2011 година заминува во пензија (ВИДЕО)

Легендата на шпанската и европска кошарка, Хуан Карлос Наваро, кошаркарот кој Македонија не го памети баш по добро од Европското првенство во Литванија, ја заврши својата богата кариера.

Иконата на Барселона својата кошаркарска кариера ја заврши на 38 години.

Наваро целата своја кариера во Европа ја помина во Барселона, клуб со кој освои две титули во Евролигата, осум титули шампион на Шпанија и уште многу други трофеи. Тој имаше и една кратка епизода во НБА лигата, каде што настапуваше во дресот на Мемфис во сезоната 2007/08.

Длабока трага тој остави и во дресот на Шпанија, со која освои две европски и една светска титула, а во 2011 година беше и МВП на Евробаскетот.

По лошо од тоа првенство го паметат сите Македонци, бидејќи Наваро тогаш буквално не „растури“ во полуфиналето од Европското, погодувајќи од секоја можна ситуација.

Коронавирус