среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Кошарка

Легендарната приказна за Коби и Дивац која ја промени НБА историјата

Легендарната приказна за Коби и Дивац која ја промени НБА историјата

Коби Брајант многу лесно стана вистинска легенда на ЛА Лејкерс како единствен кошаркар во историјата на НБА лигата чии два дреса се повлечени. За жал, трагично го загуби животот на 41 година во страшната хеликоптерска несреќа која се случи во Калифорнија.

Брајант беше кошаркар од висока класа, со издвоени бројни неверојатни детали за неговата кариера кои и сега се појавуваат на површината. Интересна е приказната за начинот на кој завршил во ЛА Лејкерс, за што голема заслуга има легендарниот српски центар Владе Дивац кој беше во тој клуб во пресрет на доаѓањето на Коби.

ЛА Лејкерс и Шарлот во 1996 година договорија „трејд“, Дивац да оди во Шарлот а Лејкерс да го добијат 13-от пик на драфтот – Коби Брајант.

Шарлот процени дела тоа е одлична работа за нив, а иднината покажа дека го направија еден од најлошите потези со лесното испуштање на Коби.

Во целата работа бил вклучен и Џери Вест кој знаел дека Брајант е нешто посебно. Вест го следел на тренинзите пред драфтот, отворено зборувајќи дека тоа е најдобриот индивидуален тренинг кој го видел во животот.

„Ако те менуваат за Брајант тоа значи дека воопшто не си лош. Ете така ми викаа тогаш“ – се шегува Дивац на прашањето за „трејдот“ потсетувајќи се на тие моменти, и дополнува:

„Не ми кажуваа многу што се случува. Само, еден ден ми кажаа дека постигнале договор. Не ми се допаѓаше сето тоа. Мојата филозофија е дека играм кошарка затоа што го сакам тој спорт, затоа што тоа ме забавува. А, сега да одам некаде само затоа што некој така сака. Размислував и да се повлечам од кошарката“.

Но,…

„Тогаш не знаев многу за Коби. Но знаев дека кога Џери Вест ќе се вклучи во некоја работа тогаш нешто навистина ќе се случи. Едноставно бев 100% сигурен дека тоа момче ќе има одлична кариера“.

А, Коби потоа освои пет НБА прстени, двапати беше МВП на финалето и еднаш МВП на лигата, 11 пати Ол-стар и двапати најдобар стрелец во лигата…

извор: ekipa.mk

 

Коронавирус