петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
home Кошарка

Легенда на српската кошарка ги претепал сопругата и ќерката, па завршил во – затвор!

Легенда на српската кошарка ги претепал сопругата и ќерката, па завршил во – затвор!

Поранешниот репрезентативец на СР Југославија, а подоцна и на Србија и Црна Гора, Милан Гуровиќ, ноќеска бил приведен од белградската полиција, јавуваат медиумите од северното соседство, а причина за тоа бил фактот што ги претепал сопругата и малолетната ќерка, која има само 16 години.

Подетални информации за овој скандалозен чин на легендата на српската кошарка се очекуваат во текот на денот, но засега е јасно дека добил кривична пријава за семејно насилство. Гуровиќ е поранешен кошаркар на Партизан, Црвена звезда, Барселона, Уникаха, Галатасарај, а беше еден од најзаслужните на златниот медал на некогашна СРЈ на Мундобаскетот во Индијанаполис во 2002 година, а во ризницата има и злато од ЕП 2001 и бронза од ЕП 1999.

Кошаркарот за време на играчката кариера беше познат по својата контроверзност надвор од паркетот, а пред 15-тина години беше главна вест во балканските медиуми, кога не ми беше дозволен влез во БиХ и Хрватска поради тетоважата на српскиот четнички генерал од Втората светска војна, Дража Михајловиќ.

Коронавирус