понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн заминува од Кливленд: Според обложувалниците фаворит е еден тим, според медиумите друг

Леброн заминува од Кливленд: Според обложувалниците фаворит е еден тим, според медиумите друг

Скоро сигурно од следната сезона најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс ќе настапува во друг клуб. Тој е слободен агент веќе, поради фактот што се мали шансите клубот да му обезбеди силни соиграчи во нивниот проект тој ќе ја менува средината.

Кога играч како Џејмс е слободен на пазарот јасно е дека голем број клубови ќе сакаат да го донесат во своите редови.

А кога сме кај тоа ќе биде новиот клуб на Џејмс медиумите и обложувалниците имаат различни размислувања. Според американските медиуми најголеми шанси да го добие Леброн има Сан Антонио Спарс, пред се поради тоа што тренерот на тимот и Џејмс се одлични пријатели и многу се почитуваат меѓу себе, а најдобриот играч досега не работел под негово раководство.

Обложувалниците во Лас Вегас  на големо пак почнаа да типуваат каде ќе заврши тој. Најголеми шанси тие му даваат на Лос Анџелес Лејкерс, кој е една од најисплатливите и најскапи франшизи, кои парите од Џејмс многу брзо ќе ги вратат.

А во конкуренцијата се споменува и Хјустон Рокетс, каде би имале одлична тројка со Пол и Харден, но токму нивните плати се проблем за Леброн да дојде.