петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

Леброн се јави од карантин: Борбата е вистинска, изгледам како Том Хенкс… (ВИДЕО)

Леброн се јави од карантин: Борбата е вистинска, изгледам како Том Хенкс… (ВИДЕО)

Целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс мораше да замине под карантин откако екипата на Бруклин Нетс објави дека четири играчи се позитивни на тестот на коронавирусот, па со оглед на тоа што „мрежичките“ последниот натпревар го играа со „езерџиите“ тогаш повеќе од јасно е зошто беше потребна изолација.

Првата ѕвезда на Лејкерс, Леброн Џејмс се огласи од карантин и тоа преку социјалните мрежи каде објасни како го минува времето и колку му е тешко во моментов.

-Ми фали да играм со топката, ми фали да го правам тоа што го знам. Ми фали да бидам пред навивачите на Лејкерс, ми фали да бидам пред противничките фанови кога играм на гости. Бевме во одреден момент во сезоната каде бевме во ритам и се подготвувавме за плејофот, -истакна Џејмс кој откри дека дел од своето време го користи за да гледа видеа од Коби Брајант, Мајкл Џордан, Кевин Дурент, Шекил О Нил, Кен Грифи Џуниор и секако од себе.

Воедно првата ѕвезда на Лејкерс се пожали што не може да добие соодветно бричење, односно дека почнува да личи на Том Хенкс од култниот филм „Cast Away“.

-Кога ве советуваат да бидете во карантин 14 дена и да бидете изолирани-не можам да добијам потстрижување од мојот бербер, тие сакат да остане подалеку од мене. Изгледам како Том Хенкс во „Бродолом на животот“. Борбата е вистинска во домот на Џејмс, ќе го направиме тоа што треба да го направиме, -порача кралот.

Коронавирус