вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Кошарка

Леброн се искачи на шестото место на листата на стрелци

Леброн се искачи на шестото место на листата на стрелци

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс претпеа пораз од 110:106 на гостувањето кај Сан Антонио спарс, а Леброн Џејмс освен со постигнатите 35 поени, може да се утеши со шестото место на вечната листа на НБА стрелци.

Леброн со 31.188 поени зад себе го остави ветеранот Дирк Новицки и стана најдобриот стрелец меѓу активните играчи.

Доколку продолжи со овој учинок набргу ќе го стигне и петопласираниот Вилт Чембрлен со 31.419 поени. На четвртото место е Мајкл Џордан кој има 32.292 поени.

Прв во оваа категорија е Карим Абдул Џабар, а зад него следат Карл Малоун и Коби Брајант.