сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 79
home Кошарка

Леброн и Лејкерси без шанси против Дерозан и Сан Антонио

Леброн и Лејкерси без шанси против Дерозан и Сан Антонио

Сан Антонио запиша убедлива победа над Л.А.Лејкерс со 133:120. Демар Дерозан постигна 36 поени и додаде девет асистенции за успехот на „спарси“ на домашен терен. Леброн Џејмс беше најкорисен за Лејкерс со 35 поени, 11 асистенции и 8 скокови, но неговите напори не беа доволни.

Чикаго ја постигна првата победа под раководство на новиот тренер Џим Бојл по 114:112 над Оклахома. Лари Маркенен заврши со 24 поени за „биковите“. Расел Вестбрук реализира исто толку за Оклахома, додавајќи и 17 скока и 13 асистенции и го регистрира својот „трипл-дабл“ број 109.

Мајами го нанесе шестиот последователен пораз на Феникс по 115:98. Бам Адебајо постигна рекордни 22 поени во својата кариера, додека Џастин Винслоу додаде 20 за „жешките“.

 

Резултати од НБА:

Шарлот – Денвер 113: 107

Детроит – Филаделфија 111: 117

Орландо – Индијана 90: 112

Бруклин – Торонто 106: 105 по продолжение

Кливленд – Сакраменто 110: 129

Чикаго – Оклахома Сити 114: 112

Њу Орлеанс – Мемфис 103: 107

Сан Антонио – Лос Анџелес Лејкерс 133: 120

Феникс – Мајами 98: 115

Милвоки – Голден Стејт 95: 105.

Коронавирус