сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн го менува Џордан во продолжението на „Space Jam“

Леброн го менува Џордан во продолжението на „Space Jam“
epa06857136 (FILE) - Cleveland Cavaliers forward LeBron James responds to questions after the NBA Finals practice at Quicken Loans Arena in Cleveland, Ohio, USA, 05 June 2018 (reissued 02 July 2018). According to media reports on 01 July 2018, former Cleveland Cavaliers forward LeBron James has signed a four-year, 154 million US dollar contract with the Los Angeles Lakers. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT - RESENT AND MARKED AS 'FILE'

Американскиот кошаркар Леброн Џејмс ги засили Л.А. Лејкерс годинава, а веќе ја доби и својата прва филмска улога.

Играчот тргна по стапките на легендарниот Мајкл Џордан и ќе има главна улога во продолжението на филмот „Space Jam“. Режисер ќе биде Рајан Куглер.

Долгоочекуваното продолжение на филмот од 1996 година, во кој настапуваа Мајкл Џордан, Бил Мареј и низа ликови од цртаните филмови како Душко Долгоушко, Пајо Паторот и мачката Силвестер, сега е во фаза на претпродукција, а снимањето треба да започне во 2019 година, пишува „Холивуд репортер“.

– Соработката значи многу повеќе од мене и цртани ликови во еден филм. Сакам децата да разберат колку супериорно можат да се чувствуваат ако едноставно не се откажат од своите соништа, рече по тој повод Леброн Џејмс. (МИА)

Коронавирус