петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 23
home Кошарка

Леброн Џејмс за коронавирусот: Нема да играм пред празни трибини!

Леброн Џејмс за коронавирусот: Нема да играм пред празни трибини!

Ширењето на коронавирусот во светот ги натера челниците на НБА лигата да се прилагодат на новонастанатата ситуација, па испратија порака до сите клубови дека се подготвени мечевите да се играат без присуство на публика во наредниот период.

Сепак, еден од најдобрите кошаркари, Леброн Џејмс, не се согласува за ваквата идеја на НБА лигата.

Да играме без публика, тоа не е возможно. Јас нема да играм. Па луѓе, ние играме за своите соиграчи и публиката. Ако се појавам во арената и таму нема публика, нема да играм, истакна Џејмс.

Инаку, во НБА лигата се забрани ракување на кошаркарите со публиката, како една од превентивните мерки за заштита од коронавирусот.

Коронавирус