среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 156
home Кошарка

Леброн Џејмс со критики за Лејкерси

Леброн Џејмс со критики за Лејкерси

Леброн Џејмс оцени дека на моменти неговите соиграчи во Лос Анџелес Лејкерс претеруваат со тимската игра и треба да бидат малку посебични.

Против Јута „езерџиите“ направија 23 грешки, од кои пет беа на Леброн Џејмс, а против Орландо имаа 18 тимски грешки, при што една третина или шест од нив отидоа зад името на „кралот“.

– Понекогаш сме премногу несебични, јас се вклучувам и себе си во таа констатација. Ги гледам и им подавам на моите соиграчи, а понекогаш едноставно треба да ја задржам топката. Ние треба да го подобриме овој елемент на нашата игра. Знаеме дека не сме доволно добри, изјави Џејмс.

Тимот од Лос Анџелес има позитивен баланс по 19 натпревари – 11 победи и осум порази и е седми во Западната конференција. Лејкерси победија во седум од последните десет натпревари.

Локални избори 2021