сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 11
home Кошарка

Леброн Џејмс ја освои и европската шампионска титула

Леброн Џејмс ја освои и европската шампионска титула

Најдобриот кошаркар на светот Леброн Џејмс во неговата богата колекција на пехари од синоќа ја има и европската шампионска титула во фудбал.

Ѕвездата на НБА, иако не придонесе на теренот за победата на Ливерпул, сепак, како акционер на англискиот клуб, навиваше за европскиот шампион со кој освои уште една титула од неговата богата колекција од две олимписки злата и три НБА прстени.

Џејмс синоќа на „Твитер“ на почетокот им посака среќа на „своите“ играчи, потоа во второто полувреме побара втор гол, за на крајот да прослави и да им честита на сите кои се поврзани за клубот.

Инаку, Џејмс е голем навивач на Ливерпул, што го натерало и да купи два отсто од акциите на англискиот клуб за кои платил шест милиони фунти.