сабота, 17. август 2019. Вести денес: 36
home Кошарка

Лаури ќе го пропушти Светското првенство

Лаури ќе го пропушти Светското првенство

Репрезентативецот на САД Кајл Лаури нема да настапи на претстојниот кошаркарскиот шампионат во Кина.

Играчот на Торонто ќе го пропушти Мундијалот поради повреда.

Лаури закрепнува од операцијата на десната рака. Тој постојано велеше дека сака да му помогне на тимот на САД на Светското првенство и се надева дека ќе биде дел од репрезентацијата на Олимпијадата во 2020 година.

Претходно, и другите НБА ѕвезди одбија да настапат на Мундијалот, сакајќи да се фокусираат на подготовките за новата сезона во најсилната светска кошаркарска лига